spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБерово: Честитка од Градоначалникот, по повод ИЛИНДЕН

Берово: Честитка од Градоначалникот, по повод ИЛИНДЕН

Живеејќи го сонот на нашите херои и гордо сеќавајќи се на нивната храброст, одлучност и херојски дела, во битката за подобо утре, за самостојна и независна држава, денешниот ден го празнуваме и се присетуваме на двата Илиндена, Илинден 1903 и Илинден 1944.
Денес, сите ги спомнуваме храбрите илинденци, кои го дале животот, хероите од македонската историја, кои не обврзаа, не само да го чествуваме овој ден, туку и да ја продолжиме големата борба, за понапредна и поуспешна Македонија.
Денес се поклонуваме на славното дело на револуцијата, на храброста, доблеста, но и на поставувањето на темелите на современата македонска држава.
Идеалите на двата Илиндена се сеуште живи, и тлеат во секој од нас.
Нека ни е честит и вековит националниот празник Илинден и да ни е вечна Македонија !
Градоначалник на Општина Берово
Звонко Пекевски

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...