spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБерово: Со асфалтирање на улица ,,Борис Кидрич” продолжува градежната експанзија

Берово: Со асфалтирање на улица ,,Борис Кидрич” продолжува градежната експанзија

Во рамките на Програмата за локални улици и патишта за 2021 година, интензивно продолжуваат градежните активности на повеќе локации во градот и населените места, при што денес е завршено асфалтирањето на улица ,,Борис Кидрич.

Се асфалтира улицата во должина од 970 метри и широчина 7 метри,  со дебелина на асфалт од 5 cm, и вкупна квадратна површина околу 7000 м2..

Градежните активности, со голем интензитет продолжуваат и понатаму, при што следната недела е планирано да биде асфалтирана ул. ,,7” а во тек е и реконструкција на улици во с. Двориште.

За реконструкција на оваа улица, од општинскиот Буџет за 2021 година ќе бидат исплатени вкупно  2.196.348,00.

Извор: Општина Берово

Прочитајте

Аеродром: Се уредува фудбалското игралиште во Долно Лисиче

0
Општина Аеродром во соработка со претставници од фудбалскиот клуб „Победа Долно Лисиче“ го уредува фудбалското игралиште во Долно Лисиче кое со години претставуваше целосно...