МОН: Опозицијата го блокира законот со коj на наставниците континуирано ќе им растат платите

МинистерстваМОН: Опозицијата го блокира законот со коj на наставниците континуирано ќе им...
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Пратениците повеќе од три месеци не ги гласаат законските измени со кои на наставниците и стручните соработници им се обезбедува континуиран раст на платите и подобар статус. Во законот кој го блокираат пратениците од опозицијата стои клаузула со која правно се заштитува понатаму девалвирањето на платата на наставникот, односно за првпат платата на наставниот кадар се усогласува со минимална плата. Како минималната плата ќе расте, така ќе растат и платите на наставниците.

Потсетуваме дека со истите законски измени се уредуваат и сите нови вработувања во училиштата да бидат директно на неопределено време, наместо како досега да се чекаат две години за отпочнување на процес на трансформација. Воедно и сите 4.700 наставници и стручни соработници кои во моментот се ангажирани на определено време, со стапувањето во сила на законските измени ќе добијат решение за трајно вработување, доколку ги исполнуваат предвидените законски услови.

Законското решение овозможува професионален и кариерен развој за вработените во училиштата, како и следење и оценување на работата уште од првиот ден на стапувањето во редовен работен однос. Воедно, за прв пат законски се дефинираат компонентите на платата на наставниците и стручните соработници, со што се овозможува исплата на додатоците на плата за претходно стекнатите педагошки звања како резултат на успешност во работењето, додатокот за одделенско, односно класно раководство, за работа во комбинирана паралелка и за работа во ридско-планинско подрачје, за кои во минатото имаше реакции дека не се исплаќаат од страна на училиштата.

Законот кој е блокиран во Собранието предвидува и исплата на целосна плата за неполн неделен фонд на часови на наставниците кои ќе реализираат воспитно-образовна работа според наставен план и програми донесени согласно Концепцијата за основно образование и воспитание, доколку имаат минимум 10 наставни часови во неделата.

Наставниците и стручните соработници се најважната алка во реализацијата на воспитно образовниот процес и затоа апелираме до членовите на Комисијата кои поради партиски директиви ја опструираат работата на ова тело, само заради собирање на ситни – дневно политички поени, но и само поради тоа што токму тие не се предлагачи на овие позитивни промени, конечно да ги надминат партиските интереси и да ја започнат дискусијата за законското решение, како би дале придонес кон формулирање на неговата најдобра верзија.

Дополнително МОН уште во октомври лани и ги потсети општините и училиштата дека имаат законска обврскана наставниците кои работат повеќе од полното работно време за што беа обезбедени и блок дотации. Во бруто платата се пресметани и патните трошоци. Системот со којшто патните трошоци влегоа во бруто плата е воведен на 1 јануари 2009.

Извор: Министерство за образование и наука 

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img