Врз основа на податоците од Студијата за валоризација на природните вредности на Малешевските планини и Влаина со предлог за формирање на Заштитен предел – Малешево, а земајќи ги предвид геолошките, геоморфолошките и биолошките вредности, како и посебното значење за жителите на општините Берово и Пехчево, се наметна заклучокот дека Малешево ги исполнува критериумите да биде прогласено за заштитено подрачје од V категорија – заштитен предел.
По поднесена иницијатива од МЖСПП, Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за прифатливост на предлогот за прогласување на дел од Малешево за заштитено подрачје во категорија V – Заштитен предел, и го задолжи МЖСПП да спроведе јавна расправа по предлогот, да го изготви конечниот акт за прогласување на дел од Малешево за заштитено подрачје во категоријата V – Заштитен предел и конечниот предлог да го достави до Владата на усвојување.
Цел:
Со прогласувањето на дел од Малешево за заштитено подрачје во категорија заштитен предел ќе се овозможи: заштита, зачувување и одржливо користење на природните вредности на заштитеното подрачје, назначување на субјект за управување кој ќе се грижи за заштитеното подрачје, како и донесување на План за управување согласно одредбите од Законот за заштита на природата.
Прогласувањето на Малешево за заштитени подрачја е во насока на исполнување на обврските од Просторниот План на државата (2004), Aichi целите од Конвенцијата за биолошка разновидност (CBD), целите и акциите од Националната стратегија за заштита на природата со Акционен План (2017-2027), Националната стратегија за биолошка разновидност со Акциски План за период (2018-2023), како и прогрес во имплементација на ЕУ директивите за живеалишта и птици, меѓународните конвенции, кои се ратификувани од нашата држава (CBD, Bern, CITES, Bonn, Ramsar).
Временска рамка за изготвување на актот:
Јули 2021 година – подготовка на нацрт – Одлука за прифатливост на предлогот за прогласување на дел од Малешево за заштитено подрачје во категорија V – Заштитен предел;
Aвгуст 2021 година – објава на нацрт – Одлуката на веб страната на МЖСПП и енер порталот, организирање на состаноци, јавна расправа, разгледување на доставените забелешки од страна на МЖСПП и внесување на доставените забелешки;
Септември 2021 година – Објава на втора нацрт верзија на текстот и доставување на предлог Одлуката до Владата на Република Северна Македонија на меѓуресорска консултација и усвојување.
Засегнати страни:
Органи на државна управа:
‐ Министерство за економија;
‐ Министерство за финансии;
‐ Министерство за информатичко општество и администрација;
‐ Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство;
‐ Министерство за транспорт и врски;
‐ Министерство за култура, Управа за заштита на културно наследство;
‐ Министерство за одбрана;
‐ Министерство за локална самоуправа;
‐ Секретаријат за законодавство;
‐ Секретаријат за европски прашања;
‐ Агенција за планирање на просторот;
‐ НУ Конзерваторски центар – Скопје;
‐ Управа за хидрометеоролошки работи;
‐ Агенција за катастар на недвижности на Република Северна Македонија;
‐ Агенција за промоција и поддршка на туризмот во Македонија
– Канцеларија на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија.
Единици на локална самоуправа:
‐ ЗЕЛС (Заедница на единици на локална самоуправа);
‐ Општина Берово;
‐ Општина Пехчево;
‐ Центар за развој на Источен плански регион.
Јавни претпријатија и установи:
‐ ЈП Национални Шуми;
‐ ЕВН Македонија Електрани ДООЕЛ Скопје;
‐ АД МЕПСО – Оператор на електропреносниот систем на Република Северна Македонија, Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем;
‐ Федерација на планинарски спортови на Македонија;
Научни институции
‐ Македонска Академија на науките и уметностите;
‐ Природно-математички факултет, Институт за биологија и Институт за географија;
‐ Факултетот за шумарски науки,Скопје;
‐ Факултет за земјоделски науки и храна, Скопје;
‐ Природонаучен музеј на Македонија;
‐ Градежен факултет, Скопје;
‐ Универзитет Гоце Делчев Штип.
Стопански Комори
– Стопанска Комора на Македонија;
– Сојуз на Стопански комори на Македонија;
– Стопанска Комора на Северозападна Македонија.
Невладини организации кои делуваат во полето на заштитата на животната средина.
1. Начин на вклучување на засегната јавност:
‐ Објава на нацрт – актот на веб страницата на МЖСПП и ЕНЕР;
– Jавна расправа по нацрт – актот (точниот датум на одржување на јавната расправа ќе биде дополително објавен на веб страната на МЖСПП и во јавните гласила);
– барање на мислења и одржување на состаноци со засегнати страни.
2. Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската верзија на предлог измените на законот и нацрт Извештајот за ПВР:
3. Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките и сугестиите:
4. Одговорно лице за контакт во министерството:
– Влатко Трпески, раководител на Сектор за природа E-mail: v.trpeski@moepp.gov.mk
– Весна Индова, раководител на Сектор за ЕУ E-mail: v.indova@moepp.gov.mk
Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање