spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Прогласување на дел од Малешево за заштитено подрачје во категорија V...

МЖСПП: Прогласување на дел од Малешево за заштитено подрачје во категорија V – Заштитен предел

Врз основа на податоците од Студијата за валоризација на природните вредности на Малешевските планини и Влаина со предлог за формирање на Заштитен предел – Малешево, а земајќи ги предвид геолошките, геоморфолошките и биолошките вредности, како и посебното значење за жителите на општините Берово и Пехчево, се наметна заклучокот дека Малешево ги исполнува критериумите да биде прогласено за заштитено подрачје од V категорија – заштитен предел.

 

По поднесена иницијатива од МЖСПП, Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за прифатливост на предлогот за прогласување на дел од Малешево за заштитено подрачје во категорија V – Заштитен предел, и го задолжи МЖСПП да спроведе јавна расправа по предлогот, да го изготви конечниот акт за прогласување на дел од Малешево за заштитено подрачје во категоријата V – Заштитен предел и конечниот предлог да го достави до Владата на усвојување.

 

 

 

Цел:

 

Со прогласувањето на дел од Малешево за заштитено подрачје во категорија заштитен предел ќе се овозможи: заштита, зачувување и одржливо користење на природните вредности на заштитеното подрачје, назначување на субјект за управување кој ќе се грижи за заштитеното подрачје, како и донесување на План за управување согласно одредбите од Законот за заштита на природата.

 

Прогласувањето на Малешево за заштитени подрачја е во насока на исполнување на обврските од Просторниот План на државата (2004), Aichi целите од Конвенцијата за биолошка разновидност (CBD), целите и акциите од Националната стратегија за заштита на природата со Акционен План (2017-2027), Националната стратегија за биолошка разновидност со Акциски План за период (2018-2023), како и прогрес во имплементација на ЕУ директивите за живеалишта и птици, меѓународните конвенции, кои се ратификувани од нашата држава (CBD, Bern, CITES, Bonn, Ramsar).

 

 

 

Временска рамка за изготвување на актот:

 

Јули 2021 година – подготовка на нацрт – Одлука за прифатливост на предлогот за прогласување на дел од Малешево за заштитено подрачје во категорија V – Заштитен предел;

 

Aвгуст 2021 година – објава на нацрт – Одлуката на веб страната на МЖСПП и енер порталот, организирање на состаноци, јавна расправа, разгледување на доставените забелешки од страна на МЖСПП и внесување на доставените забелешки;

 

Септември 2021 година – Објава на втора нацрт верзија на текстот и доставување на предлог Одлуката до Владата на Република Северна Македонија на меѓуресорска консултација и усвојување.

 

 

 

Засегнати страни:

 

 

 

Органи на државна управа:

 

‐ Министерство за економија;

 

‐ Министерство за финансии;

 

‐ Министерство за информатичко општество и администрација;

 

‐ Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство;

 

‐ Министерство за транспорт и врски;

 

‐ Министерство за култура, Управа за заштита на културно наследство;

 

‐ Министерство за одбрана;

 

‐ Министерство за локална самоуправа;

 

‐ Секретаријат за законодавство;

 

‐ Секретаријат за европски прашања;

 

‐ Агенција за планирање на просторот;

 

‐ НУ Конзерваторски центар – Скопје;

 

‐ Управа за хидрометеоролошки работи;

 

‐ Агенција за катастар на недвижности на Република Северна Македонија;

 

‐ Агенција за промоција и поддршка на туризмот во Македонија

 

– Канцеларија на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија.

 

 

 

Единици на локална самоуправа:

 

‐ ЗЕЛС (Заедница на единици на локална самоуправа);

 

‐ Општина Берово;

 

‐ Општина Пехчево;

 

‐ Центар за развој на Источен плански регион.

 

 

 

Јавни претпријатија и установи:

 

‐ ЈП Национални Шуми;

 

‐ ЕВН Македонија Електрани ДООЕЛ Скопје;

 

‐ АД МЕПСО – Оператор на електропреносниот систем на Република Северна Македонија, Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем;

 

‐ Федерација на планинарски спортови на Македонија;

 

 

 

Научни институции

 

‐ Македонска Академија на науките и уметностите;

 

‐ Природно-математички факултет, Институт за биологија и Институт за географија;

 

‐ Факултетот за шумарски науки,Скопје;

 

‐ Факултет за земјоделски науки и храна, Скопје;

 

‐ Природонаучен музеј на Македонија;

 

‐ Градежен факултет, Скопје;

 

‐ Универзитет Гоце Делчев Штип.

 

 

 

Стопански Комори

 

– Стопанска Комора на Македонија;

 

– Сојуз на Стопански комори на Македонија;

 

– Стопанска Комора на Северозападна Македонија.

 

Невладини организации кои делуваат во полето на заштитата на животната средина.

 

1. Начин на вклучување на засегната јавност:

 

‐ Објава на нацрт – актот на веб страницата на МЖСПП и ЕНЕР;

 

– Jавна расправа по нацрт – актот (точниот датум на одржување на јавната расправа ќе биде дополително објавен на веб страната на МЖСПП и во јавните гласила);

 

– барање на мислења и одржување на состаноци со засегнати страни.

2. Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската верзија на предлог измените на законот и нацрт Извештајот за ПВР:

–          www.ener.gov.mk

–          www.moepp.gov.mk

 

3. Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките и сугестиите:

–          infoeko@moepp.gov.mk

–          infoeko@moepp.gov.mk

 

4. Одговорно лице за контакт во министерството:

–          Влатко Трпески, раководител на Сектор за природа E-mail: v.trpeski@moepp.gov.mk

–          Весна Индова, раководител на Сектор за ЕУ E-mail: v.indova@moepp.gov.mk

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...