spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниПрилеп: Средба на градоначалникот Илија Јованоски со претставници од Ромалитико

Прилеп: Средба на градоначалникот Илија Јованоски со претставници од Ромалитико

Градоначалникот Илија Јованоски во својот кабинет, денеска, оствари работна среба со претставници од Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико.

На оваа средба беше презентиран проектот на УСАИД  за инклузија на ромите а воедно беа истакнати целите и активностите предвидени во рамките на истиот.  

Проект на УСАИД за инклузија на Ромите ќе се реализира во наредните 3 години, во истиот предвидено е да  учествуваат 20 општини, меѓу кои и општина Прилеп. Проектот опфаќа отворање на локални канцеларии коишто ќе понудат правна поддршка, мобилизирање на ромската заедница, помош при вработување и зголемување на претприемништвото кај ромската заедница, како и многу други активности, кои ќе придонесат кон подобар животот на поголема група граѓани. На средбата исто така беше разговарано и за поддршката која  што Ромалитико ќе и ја овозможи на општина Прилеп, за побрзо и полесно донесување на Локален акциски план за Ромите за следните 4 години како и за потпишување на меморандум за соработка за успешно имплементирање на проектот.

Претставниците на Ромалитико исто така накратко го претставија и вториот проект на УСАИД насловен “Заедно за просперитетна заедница” во кој како главни активности се дефинирање на различните приоритети на ромската заедница и нивна поддршка од страна на повеќе засегнати страни, фирми и самата ромска заедница.

Извор: Општина Прилеп

Прочитајте

МЛС: Подобрена е ефикасноста за заштита и превенција од пожари во...

0
Министерството за локална самоуправа со поддршка на Владата на Швајцарија овозможија кумановските пожарникари побрзо и поефикасно да се справуваат со пожарите на отворено преку...