spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

ДКСК: Соопштение

На ден 05.08.2021 година беше потпишан меморандум за разбирање помеѓу Националната антикорупциска агенција на Република Италија  (ANAC) и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК)

Меморандумот за разбирање беше потпишан за италијанска страна од претседателот Џузепе Бузија, а за македонска страна од Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.

Договорот предвидува форми на соработка помеѓу Страните за промовирање на заеднички цели во врска со спречувањето и борбата против корупцијата, како што се размена на информации и најдобри практики, организација на семинари, конференции, курсеви за обука и други образовни активности насочени кон зголемување на јавната свест за спречување на корупцијата и спречување на судир на интереси.

Од своја страна, претседателот Бузија нагласи дека: „Во борбата против корупцијата, соработката меѓу земјите, меѓународната размена на податоци и информации но и добрите практики и доблесни примери се основни“. „Корупцијата се победува пред се со превенција, која во АНАК има централна улога, и тоа преку зајакнување на независната улога на Органот“, додаде претседателот Бузија.

Претседателката на Државната комисија за спречување корупција и судир на интереси, Билјана Ивановска истакна дека: „Корупцијата е заедничко зло што го разорува општеството, кое може многу поефикасно да се спречи и совлада со заеднички сили, искуство, размена на информации како и заеднички активности за јакнење на професионалниот капацитет на двете независни институции“.

„Борбата против корупцијата е заеднички приоритет, кој првенствено одговара на интересот на македонските и италијанските граѓани – додаде амбасадорот Силвестри, кој ги координираше контактите меѓу двете институции. „Штотуку потпишаниот меморандум  претставува уште еден чекор во нашата стратегија за поддршка на македонските власти со цел да се зајакне владеењето на правото“, заклучи тој.

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата 

Прочитајте

Демир Хисар: Буџетски Форум за 2025 година

0
Општина Демир Хисар организира буџетски форум за урбаната и месните заедници во општината, со цел нивните предлози да бидат земени во предвид при изготвувањето...