spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГевгелија: Продолжен рокот за пријавување реонски попишувачи и реонски инструктори до 12...

Гевгелија: Продолжен рокот за пријавување реонски попишувачи и реонски инструктори до 12 август

Општина Гевгелија ги информира сите заинтересирани кои сакаат да бидат дел од спроведувањето на Пописот 2021 година дека е продолжен рокот за пријавување на реонски попишувачи и реонски инструктори за 7 работни дена. Пријавувањето трае до 12 август, 2021 година. За Пописен реон бр.11 (Гевгелија и Дојран) се потребни 88 реонски попишувачи и 10 реонски инструктори. Услов да се биде реонски инструктор и реонски попишувач е: кандидатот да биде полнолетен, да има завршено минимум средно образование, да е невработен и да знае да работи на компјутер.

НАПОМЕНА: Претходно пријавените и избрани кандидати за реонски попишувачи и реонски инструктори (март, 2021 година) доколку се’ уште се заинтересирани да учествуваат во спроведувањето на Пописот 2021, треба повторно да се пријават на новообјавениот конкурс.

Извор: Општина Гевгелија

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...