spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГевгелија: „Секој забележан пожар да биде навремено пријавен во ТППЕ- Гевгелија“

Гевгелија: „Секој забележан пожар да биде навремено пријавен во ТППЕ- Гевгелија“

Во врска со одржаната седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување при Општина Гевгелија за актуелната состојба со пожарите на подрачјето на општина Гевгелија и донесените заклучоци во однос на превенцијата од нови пожари, градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, даде изјава за локалната телевизија „НОВА 12“, во која истакна:

– Според информациите од ТППЕ- Гевгелија и ОВР- Гевгелија за трите пожари на подрачјето на општина Гевгелија, имаме сознанија дека причината за настанување е човечки фактор. Од страна на ОВР- Гевгелија е покрената постапка за истражување и откривање на сторителот, за што е известено и Јавното обвинителство.

На седницата ги утврдивме расположливите ресурси за справување на пожарите и организацијата и начинот на превенција доколку дојде до избивање нови пожари. При разговорот со претставниците за опремата, заклучивме дека има потреба од дополнителни ресурси, а тоа го увидовме и на самиот терен додека се локализираа и гаснеа изминатите пожари од различен размер. За таа цел, Општината ќе набави 10 грбни пумпи- напртњачи, а старите кои ги има веќе ТППЕ- Гевгелија на располагање да бидат оспособени и функционални. Исто така, Општината ќе испрати и барање до ДЗС за користење на две теренски возила. Шумските површини ќе бидат редовно контролирани од страна на ОВР- Гевгелија, ПС- Гевгелија, Шумската полиција и ЈП Национални шуми- ПЕ Шумско стопанство „Кожув“- Гевгелија.

Во врска со честото потпалување на локалната депонија во Гевгелија, од страна на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија ќе бидат преземени мерки за засилување на стражарската служба, а исто така и редовни контроли на движењето на неовластените лица околу депонијата во соработка со ОВР- Гевгелија и инспекциските служби од Општина Гевгелија. Се работи на случајот овој проблем со депонијата да биде наскоро решен.

Во оваа прилика, упатувам голема благодарност до на гевгелиските пожарникари, ЈПКД „Комуналец“ и Шумско стопанство- ПЕ „Кожув“- Гевгелија, Итната медицинска помош, вработените во хотел-казината „Фламинго“, „Принцес“, „Скај Синот ТИП“, БП „Шимов“ и „Лукоил“, граничната полиција, ПС- Гевгелија и градежната фирма „МЛАЗ ИНЖЕНЕРИНГ ТРАНСПОРТ“. Како и до ТППЕ и градоначалниците на Демир Капија, Неготино и Кавадарци кои веднаш излегоа во пресрет на барањето на Општинскиот кризен штаб за помош.

Сакам да ја истакнам мојата посебна благодарност до жителите од населеното место Богородица за покажаната одговорност, покажаното херојство, нивниот придонес и соработката со надлежните органи. Истовремено, апелирам до граѓаните доколку забележат пожари на отворено да ги пријават на телефонскиот број 193 за навремено дејствување на ТППЕ- Гевгелија.

Извор: Општина Гевгелија

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...