spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГевгелија: Засилени контроли за спречување пожари

Гевгелија: Засилени контроли за спречување пожари

Градоначалникот на општина Гевгелија, имено и командант на Општинскиот штаб за заштита и спасување, денеска ги свика членовите на ОСЗШ, а заседаваше во врска со актуелната состојба со пожарите на подрачјето во општина Гевгелија. Од страна на ТППЕ- Гевгелија, ОВР и ПС- Гевгелија, членовите беа информирани за серијата пожари во временски период од два дена, поточно на шумскиот појас покрај грчко-македонската граница, пожарот близу Богородица над хотел-казиното „Скај Синот Топ“ и на патниот правец Гевгелија- Негорци. Претставниците на надлежните институции ја истакнаа загриженоста во врска со настанатите пожари. Посебно, со синоќешниот избивање на пожарот во 22:00 ч. на боровата шума спроти Негорски Бањи. Индициите укажуваат дека најверојатно се работи за намерно подметнување, а причинител е човечки фактор. Aко се земе предвид фактот дека опожарени се површини, засадени со бор, близу хотелско-казински објекти и бензински пумпи. Имено, ОВР- Гевгелија започна постапка за истражување и откривање на сторителите. Располага со одредени сознанија и основи на сомнежи кои помагаат во расветлувањето на случајот, но повеќе информации за јавноста ќе бидат достапни по завршувањето на постапката. За што е известено и Јавното обвинителство.

На денешната седница на ОШЗС беа утврдени ресурсите со кои располагаат надлежните органи за справување со пожарите и организацијата и начинот на превенирање доколку дојде до нови избивања на пожари, врз основа на недостатоците со кои се соочија надлежните органи во гаснењето на претходните. Имено, Општинскиот штаб за заштита и спасување ги донесе следниве одлуки и заклучоци:

  1. Општинскиот штаб за заштита и спасување по информацијата за актуелната состојба со пожарите на подрачјето на општина Гевгелија, констатираше дека состојбата е под контрола, но потребна е засилена контрола за превенирање од страна на надлежните институции. ОВР- Гевгелија, ПС- Гевгелија, Шумската полиција и ЈП Национални шуми- ПЕ Шумско стопанство „Кожув“- Гевгелија редовно да ги контролираат шумските предели на пониските и повисоките места.
  1. Општина Гевгелија да биде во постојан контакт со раководствата на Месните заедници од општина Гевгелија, за да може преку нив навремено да го анимира населението доколку се појави потреба од дополнителни човечки ресурси за интервенирање при пожари. Исто така, Месните Заедници да организираат континуирано следење на состојбата во атарот на нивните населени места, посебно на локации каде има диви депонии.
  1. Согласно прогласената кризна состојба поради пожарите на територијата на Република Северна Македонија од страна на Владата и законските одредби, се задолжуваат вработените во Општина Гевгелија да ги контактираат сите локални градежни фирми и во случај на пожар од поголем размер да ја стават својата механизација на располагање.
  1. По утврдувањето на расположливите ресурси со кои располагаат надлежните институции за справување со пожарите, членовите на Општинскиот штаб за заштита и спасување одлучија, како приоритет за потребите на ТППЕ- Гевгелија, Општина Гевгелија да набави 10 грбни пумпи- напртњачи, како и да се оспособат старите со кои веќе располага ТППЕ- Гевгелија, а ќе послужат и на другите учесници во локализирањата и гаснењата на евентуални пожари.
  1. Во однос на теренските противпожарни возила, Општина Гевгелија да достави барање до Дирекцијата за заштита и спасување на Република Северна Македонија за повторно доделување на користење на двете теренски возила- Фолксваген Амарок кои пред два месеци беа повлечени од нивна страна. Како би се ставиле на располагање во случај на нови пожари на тешко-пристапни места на подрачјето на општина Гевгелија.

На оваа седница, во врска со честото потпалување на локалната депонија во Гевгелија, која последно беше опожарена минатиот викенд, ОШСЗ донесе одлука да се засили стражарската служба при ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија, а Претпријатието во соработка со ОВР- Гевгелија и инспекциските служби од Општина Гевгелија да прават контроли на движењето на неовластените лица околу депонијата.

Извор: Општина Гевгелија

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...