spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕШилегов не е градски татко, туку очув кој ги остави скопјани среде...

Шилегов не е градски татко, туку очув кој ги остави скопјани среде криза

Петре Шилегов освен што е најнеспособниот и најмрзливиот градоначалник на Скопје, сега ќе го паметат и по тоа што го напушти градот во време кога околу Скопје имаше 18 активни пожари. Уште еднаш Шилегов покажа дека не е градски татко туку очув.

Очигледно одморот во Хрватска не може да чека, па Шилегов замина и остави цели населби без вода, Охис во пламен, пожари на Водно и Ѓорче Петров и зачадено Скопје.

И тој како и неговиот лидер Заев кукавички дезертираа и ги оставија граѓаните сами да се справуваат и да се спасуваат.

За ова Шилегов ќе сноси одговорност.

Народот ќе го прати на подолг одмор и трајно ќе му ги земе обврските во Град Скопје.

Извор: ВМРО ДПМНЕ

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...