spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
Home@дминистрацијаМИОА: Формирањето на Дигиталната агенција - главен двигател на процесите кон дигитално...

МИОА: Формирањето на Дигиталната агенција – главен двигател на процесите кон дигитално општество и администрација

Дигитализацијата на државната администрација е наш врвен приоритет во овој мандат. Со заклучок на Владата, како претточка на секоја владина седница е токму дигитализацијата!

 

После извршени интензивни консултации со чинители од земјава и странство, го поставивме на ЕНЕР Законот за безбедност на мрежи и информациски системи, со што, за првпат во Република Северна Македонија ќе се основа Дигиталната агенција – како главен двигател на процесите кон дигитално општество и администрација. Мрежите и информациските системи, а пред сè Интернетот, играат суштинска улога во олеснувањето на прекуграничното движење на стоки, услуги и луѓе. Поради таа транснационална природа, значителни нарушувања на овие системи, без разлика дали се намерни или ненамерни и без оглед каде се случуваат, може да влијаат и врз Република Северна Македонија.

 

Затоа, безбедноста на мрежните и информациските системи е од суштинско значење за непречено функционирање на внатрешниот пазар. Имајќи предвид дека во Република Северна Македонија отсуствува правна регулатива во оваа област, се наметна потребата за изготвување на овој закон. Дополнително, со истиот се транспонира Директивата (ЕУ) 2016/1148 на Европскиот парламент во однос на мерки за висок општ степен на безбедност на мрежи и информациски системи низ Унијата, односно НИС Директивата. Законот набрзо ќе се најде во владина и собраниска процедура.

https://ener.gov.mk/files/propisi_files/ria

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...