Ноќва (09.08.2021) околу 01.40 часот на ул.„Ѓорче Петров“, полициски службеници од СВР Скопје – Единица за внатрешни работи Ѓорче Петров ги лишија од слобода Д.Д.(20) и С.М.(31), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека непосредно пред тоа извршиле кривично дело „тешка кражба“ во продажен објект на подрачјето на Ѓорче Петров.
Притоа, во нивна близина биле пронајдени повеќе предмети кои потекнуваат од кривичното дело. Двете лица се приведени во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.