spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeНовостиУредба

Уредба

Службен весник на РСМ, бр. 180 од 5.8.2021 година

1 од 4

20211803006

ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

 

Врз основа на член 8-а став 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за

извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година („Службен

весник на Република Северна Македонија“ бр.23/20 и 171/21), Владата на Република

Северна Македонија, на седницата, одржана на 5 август 2021 година, донесе

УРЕДБА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА БУЏЕТСКИТЕ КОРИСНИЦИ ОД ЦЕНТРАЛНАТА

ВЛАСТ, ПОБЛИСКИТЕ КРИТЕРИУМИ И НАЧИНОТ НА УТВРДУВАЊЕ НА

ВИСИНАТА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА ДОДАТОК НА ПЛАТА НА

ВРАБОТЕНИТЕ ВО БУЏЕТСКИТЕ КОРИСНИЦИ НА ЦЕНТРАЛНАТА ВЛАСТ

 

Член 1

Со оваа уредба се утврдуваат буџетските корисници од централната власт, поблиските

критериуми за остварување на правото на додаток на плата и начинот на утврдување на

висината за остварување на правото на додаток на плата до 30% од износот на основната

плата заради специфичност на работите и работните задачи и зголемен обем на работа на

вработените во буџетските корисници од централната власт.

 

Член 2

Додатокот на плата од членот 1 од оваа уредба, вработените во буџетските корисници

од централната власт од членот 3 од оваа уредба, може да го остварат заради

дополнителниот придонес во извршување на специфични работи и работни задачи,

зголемениот обем и сложеност на работа, како и вреднувањето на нивната успешност,

компетенциите, унапредувањето на организацијата и стандардизираните процедури на

работа, градењето на организациските капацитети, ефикасното извршување на

надлежностите и квалитетна услуга во интерес на граѓаните и правните лица, а со тоа и

надминување на очекувањата на раководното лице на буџетскиот корисник и/или

непосредно претпоставениот административен службеник во исполнувањето и

остварувањето на стратешките планови и програми на буџетските корисници од

централната власт (во натамошниот текст: буџетски корисници).

 

Член 3

Буџетските корисници во кои се утврдува додатокот на плата за вработените од член 2

од оваа уредба, се:

1) Министерство за одбрана;                                        

2) Министерство за внатрешни работи;

3) Министерство за правда;

4) Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците;

5) Министерство за надворешни работи;

6) Министерство за финансии;

7) Министерство за економија;

8) Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство;

9) Министерство за здравство;

10) Министерство за образование и наука;

11) Министерство за труд и социјална политика;

12) Министерство за локална самоуправа;

13) Министерство за култура;

14) Министерство за информатичко општество и администрација;

15) Министерство за транспорт и врски;

16) Министерство за животна средина и просторно планирање;

17) Влада на Република Северна Македонија;

18) Секретаријат за европски прашања;

19) Секретаријат за законодавство;

20) Државен завод за ревизија;

21) Служба за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна

Македонија.

 

Член 4

Висината на додатокот на плата изразен во проценти од основната плата на

вработените кај буџетските корисници во зависност од критериумите изнесува:

– за специфичност на работите и работните задачи – 15%.

-за зголемен обем на работа – 15%.

Висината на додатокот на плата може да се утврдува и кумулативно врз основа на

критериумите од став 1 на овој член, при што вкупниот додаток на плата може да

изнесува до 30% од износот на основната плата.

По исклучок од став 1 на овој член, висината на додатокот на плата во зависност од

обезбедените средства во буџетскиот корисник може да изнесува помалку од висината на

додатокот на плата утврден во став 1 на овој член.

Додатокот на плата не се исплаќа на вработените во буџетскиот корисник од

централната власт на кои им е утврдено правото на додаток на плата со посебен закон

и/или колективен договор, освен додатоците на плата за ноќна работа, работа во смени,

работа за време на неделен одмор, работа за време на празници утврдени со закон и работа

подолго од полното работно време.

 

Член 5

Специфичност на работите и работните задачи од член 4 став 1 алинеја 1 од оваа

уредба, опфаќа:

1) извршување на посеопфатни работи и работни задачи во однос на работите и

задачите кои вообичаено се извршуваат;

2) постојана достапност на вработениот на раководното лице на буџетскиот корисник

или на непосредно претпоставениот раководен административен службеник;

3) извршување на работни задачи во скратени рокови и постоење на потреба од итно

постапување;

4) извршување на работи и работни задачи поврзани со класифицирани информации;

5) подготовка на стратешки документи, анализи и извештаи од сложен карактер од

надлежност на буџетскиот корисник, поврзани со спроведувањето на владините политики.

 

Член 6

Зголемен обем на работа од член 4 став 1 алинеја 2 од оваа уредба, опфаќа:

1) значително зголемен обем на работни задачи поради недоволен број на вработени и

одлив на кадар во организационата единица:

2) извршување на работи и работни задачи на отсутен работник во текот на подолг

временски период, а при тоа нема вработено лице за негова замена на определено време;

3) извршување на дополнителни работи и работни задачи врз основа на задолжение во

писмена форма, решение или овластување, а кои не се во описот на работното место;

4) учество во работни групи, комисии, комитети или тела за кои со општ или посебен

пропис/акт не е определен надоместок за учество во работата на истите и

Службен весник на РСМ, бр. 180 од 5.8.2021 година

3 од 4

5) извршување на работни задачи кои произлегуваат од проектни активности во

организационата единица.

 

Член 7

Предлог за остварување на правото на додаток на плата од членот 1 од оваа уредба

може да поднесе непосредно претпоставениот административен службеник, раководниот

административен службеник, секретарот и раководното лице на буџетскиот корисник од

членот 3 од оваа уредба.

Предлогот од ставот 1 на овој член се поднесува до секретарот, односно до

раководното лице на буџетскиот корисник во кој не се назначува секретар.

Предлогот од ставот 1 на овој член се поднесува на пропишан образец кој е даден во

прилог и е составен дел на оваа уредба.

 

Член 8

Раководното лице на буџетскиот корисник од членот 3 од оваа уредба, одлучува по

предлогот од членот 7 став 1 од оваа уредба, при што додатокот на плата се утврдува за

најмногу 30% од вработените во буџетскиот корисник.

Раководното лице на буџетскиот корисник од членот 3 од оваа уредба, одлучува по

предлогот од членот 7 став 1 од оваа уредба, со решение со кое се утврдува временскиот

период за кој се утврдува правото на додаток на плата и висината на износот на додатокот

на плата изразен во проценти, поединечно по вработен во буџетскиот корисник или

донесува решение со кое се отфрла предлогот за остварување на правото на додаток на

плата.

 

 

Член 9

Оваа уредба влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на

Република Северна Македонија“.

 

Бр. 40-8699/1 Прв заменик на претседателот

5 август 2021 година на Владата на Република

Скопје Северна Македонија,

д-р Artan Grubi, с.р.__

 

Извор: Javnaadministracija.mk

Прочитајте

Демир Хисар: Најпристапна општина

0
Пристапноста се однесува на обезбедувањето на пристап до информации од јавен карактер и ефикасни механизми за граѓанска вклученост со цел овозможување на граѓаните полесно...