spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕСимеска ќе стане полицаец, дали следно ќе се бара од граѓаните во...

Симеска ќе стане полицаец, дали следно ќе се бара од граѓаните во ЈСП и меѓуградскиот превоз да поседуваат сертификат за вакцина?

Државниот пазарен инспекторат и директорката Анита Симеска по насока на Заев ќе стане поголем полицаец од МВР. Не само што новите мерки немаат никаква логика, туку и директорката Симеска не знае што се случува, ни како истите да ги примени.

Нарачките ќе и стигнуваат на Симеска директно од Заев, објектите во кои ќе влегува Државниот пазарен инспекторат и дискриминаторски мерки кои ќе ги спроведуваат како да се полиција, ќе бидат  единствено на штета на граѓаните и угостителите.
Ова е класично системско потфрлање на неспособната власт која го доведе народот целосно да осиромаши.
Фашистичкото однесување на власта продолжува, дали следно власта ќе ги проверува граѓаните кои се возат во автобусите на ЈСП за сертификат за вакцина, дали следно ќе се бара сертификат за вакцина од граѓаните кои користат меѓуградски превоз?
Ваквото однесување на власта и партиските институции на Заев посочуваме дека сериозно ќе донесе дополнителни поделби во општеството, дискриминацијата на вакцинирани и невакцинирани граѓани е само уште една нелогичност резултат на неспособноста од власта која велеше дека во септември ќе се прогласи крај на пандемијата.
Политиката на репресија и константен притисок на Заев резултираше со затворање на над 5000 фирми во земјава само за шест месеци, колку фирми сега ќе затворат новите фашистички мерки на власта?
Ова владеење на СДСМ и Заев е погубно и за економијата и за егзистенцијата на илјадници граѓани, но е и по цена на животите.
Казната за оваа невидена катастрофа именувана како Зоран Заев ќе ја добие од истите оние граѓани кои ги дискриминира и ги оштетува со лошите политики.

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...