Почитувани граѓани, драги скопјани
Инвестициите на градската власт предводена од СДСМ значително ја подобруваат сообраќајната мрежа на Скопје. Преку бројните инфраструктурни зафати кои се во тек се намалува градскиот метеж и се подобрува квалитетот на живот на граѓаните.
Во моментот се врши проширување и реконструкција на булеварот „Никола Карев“ кој е во должина од 980 метри во 4 коловозни ленти разделени со зеленило и пешачко-велосипедски патеки од двете страни.
Истовремено се обновува булеварот „Босна и Херцегоцина“ во должина од 1.700 метри и 6 коловозни ленти со пешачки и велосипедски патеки. Се поставува средишно и странично зеленило од двете страни, како и нови улични лед осветлувања.
Во тек е проширувањето на булеварот „Борис Трајковски“ кој е во должина од 2 километри со 4 коловозни ленти и пешачко – велосипедски патеки од двете страни, а истиот ќе заврши со нов урбан и модрен кружен тек.
Воедно, се гради и новиот мост на реката Вардар на булеварот АСНОМ кој е со вкупна должина од 400 метри со 6 коловозни ленти, велосипедски и пешачки патеки од двете страни.
Почитувани,
Го правиме најдоброто за граѓаните на Скопје, градиме по план и инвестираме во капителни проекти кои придонесуваат кон полесно функционирање на градот и поквалитетен живот за сите.
Извор: СДСМ