spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕСДСМ наместо живот за земјоделците донесоа глад, оставија над 30 000 семејства...

СДСМ наместо живот за земјоделците донесоа глад, оставија над 30 000 семејства без егзистенција

Денес на прес конференција без грам срам и доблест слушам како СДСМ се фалат дека се грижеле за земјоделците.

Почитувани елитисти од власта, нема земјоделец кој не ги почувствува вашите погубни политики, нема земјоделско семејство кое не заплака од вашата неспособност, нема земјоделска гранка која не пропадна од вашата некадарност. Изминативе години нема земјоделски производ кој наместо на европските пазари заврши на буниште.

Ветувавте живот, донесовте глад и беда!

Ветувавте сигурен пласман и високи цени, а нема регион каде не отворивте по една депонија од земјоделски производи.

Ги доведовте до питачки стап и лозарите, оризарите, градинарите, сточарите , а за тутунарите воопшто и да не збориме зошто 30 000 семејства ги оставивте без егзистенција. Каде ви се инвестициите, модернизацијата, каде ви се системите за наводнување ?

Денес излегувате и се фалите со поделени субвенции, да оние субвенции кој ВМРО ДПМНЕ ги воспостави како пракса вие денес ги злоупотребувате и не можете ни да ги поделите на време. Денес со истите сакате да извршите предизборен поткуп, но нема да ви помине затоа што сте прочитани.

Почитувани земјоделци и ова зло ќе помине…

Извор: ВМРО ДПМНЕ

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...