spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕСДСМ се целосно избезумени, оцрнувањата, лагите и манипулациите продолжуваат, но безуспешно

СДСМ се целосно избезумени, оцрнувањата, лагите и манипулациите продолжуваат, но безуспешно

Целосно избезумени од последната анкета на НДИ, СДСМ во безуспешен обид за оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски.
Дезертерот Зоран Заев кукавички две недели одмораше по грчките плажи додека пола Македонија беше во пламен. Се врати во Македонија за фотосесија и без грижа кон граѓаните дали ќе го изгубат својот живот или имот повторно се врати да се сонча на море.
Во Македонија има целосна експлозија на корона вирусот изминатата недела, над 30 починати и повеќе од 3000 заразени, ама од Бихаќка не ги интересира здравјето и целосниот хаос во здравството и измислуваат лаги за дефокус на македонската јавност и реалните проблеми.
Додека денес во Македонија стотици граѓани го загубија своето работно место, а уште илјадници не знаат како ќе го преживеат денот криминалците од власта уживаат во своите одмори, без ни тронка чувство за одговорност.
Јасно им е на СДСМ и перјаниците на власта дека немаат со што да се пофалат, за завршен проект или некоја нова фабрика, па се пуштени на најјако со лажни вести.
За само два месеци криминалците од СДСМ ќе го слушнат гласот на народот. Но, потоа за секој криминал, или корупција, за секоја лага ќе одговараат. Крајот е многу блиску за криминалците, дезертерите и неработниците.

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...