spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМВР: 640 полициски службеници ангажирани во последното деноноќие за пожарите

МВР: 640 полициски службеници ангажирани во последното деноноќие за пожарите

Во текот на изминатото деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 14.08.2021 до 07.00 часот денеска (15.08.2021), во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на Република Северна Македонија, од страна на МВР беа ангажирани 641 полициски службеник, вклучувајќи ги и припадниците на сите специјални единици на полицијата, реализирани 206 мото-патроли и користени 162 моторни возила.

Во изминатото деноноќие поднесена е една кривична пријава од СВР Охрид-ОВР Дебар до Основното јавно обвинителство Дебар, во врска со пожар настанат на 13.08.2021 година, на подрачјето на дебарско, против двајца албански државјани, Л.Е.(32) и Е.Ц.(31), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување шумски пожар“, предвидено и казниво по член 227 од Кривичниот законик.

МВР апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не се фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да предизвикаат пожар. Неопходна е максимална будност и целосно одговорно однесување на секој поединец.

 

Извор: Министерство за внатрешни работи 

Прочитајте