Агенцијата за млади и спорт како долгогодишен поддржувач го најави меморијалниот турнир кој претставува еден од најголемите балкански меѓународни одбојкарски случувања.
На прес конференцијата уводен говор имаше директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски кој ја потенцираше нагорната линија на одбојкарските успеси, благодарение на успешната работа на Одбојкарската федерација.
Оваа година покрај македонската репрезентација ќе учествуваат и репрезентативните тимови на Црна Гора, Словачка и Израел, со што турнирот ќе овозможи проверка на капацитетот на нашите одбојкари.
Натпреварите ќе се одржат во спортската сала „Борис Трајковски” – Скопје со пренос на МРТ од 19-21 август со почеток од 20.00 часот.
Претседателот на одбојкарската федерација Петар Јовановски, како и Ивица Хаџииљоски ги повикаа сите оние кои не можат физички да ги проследат натпреварите, да го искористат директниот пренос на МРТ и во домашна атмосфера да го проследат настапот на нашата репрезентација.
Извор: Агенција за млади и спорт