spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Плакети за најдобрите македонски судии

АМС: Плакети за најдобрите македонски судии

Агенцијата за млади и спорт организираше прием за нашите најдобри ракометни судии, кои беа дел од финалето на ОИ во Токио, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

-Голема чест и задоволство ми претставуваа што наши гости се луѓето кои претставуваат величини во македонскиот и светски ракомет.

Одлуката да ја делите првадата во финалниот натпревар на најголемиот спортски настан е доволен показател за квалитетот и реномето кое го имате стекнато во светската ракометна судиска фела.

Наша заложба е што поскора измена на Законот за спорт, во кој освен спортистите кои со врвни меѓународни одличја остваруваат право на таканаречената спортска пензија, оваа придобивка да ја имаат и спортските работници, како неоспорен дел од спортот воопшто, истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски.

 

-Ова е наша трета олимпијада и некако беше очекувано после толку натпревари на светското во Египет, како и седум натпревари на ОИ во Токио, речиси секоја од нив дерби натпревар, да ја добиеме можноста да ја делиме правдата во едно финале, истакна Начевски.

Тој додаде дека ништо не е случајно и дека за да се изборите во еден таков ракометен врв, а доаѓате од една мала земја како нашата, мора да се три пати подобри и по квалитетни од другите. Искажа голема благодарност за иницијативата на Мојсовски за вреднување на остварувањата на спортските работници.

Своите импресии од ОИ ги искажа и Николов потенцирајќи дека за прв пат се дава важност и на спортските работници како важен фактор во спортот.

Наумче Мојсовски во знак на благодарност за сите досегашни остварувања во областа на ракометот им додели плакети.

 

 

Извор: Агенција за млади и спорт

Прочитајте