spot_img

ДКСК: Соопштение

Најчитано

На ден 23.08.2021 година, во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата, беше потпишан меморандум за разбирање помеѓу Управата за извршување на санкциите (УИС) и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).

Меморандумот за разбирање беше потпишан од страна на Директорот на УИС Марјан Спасовски и Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.

Со Меморандумот се уредени облиците за соработка помеѓу УИС и ДКСК, особено во делот на стручната соработка во процесот на едукација од областа на на превенција од корупцијата и судирот на интереси, јакнење на индивидуалниот и институционалниот интегритет, соработка за реализација на јавни дебати, работилници, конференции и кампањи за подигање на јавната свест во оваа област.

Потписниците искажаа подготвеност за реализација на сите предвидени активности што произлегуваат од овој Меморандум, со цел унапредување на  целокупниот систем за превенција и за борба против корпцијата и судирот на интереси.

 

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата

spot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе