spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Османи и Спасовски ги промовираа базните станици за издавање на пасоши...

МНР: Османи и Спасовски ги промовираа базните станици за издавање на пасоши во странство

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски,  во просториите на МНР заедно ги промовираа базните и мобилните станици за изработка и достава на пасоши на нашите граѓани што живеат и работат во странство. Конечно, деценискиот проблем што го имаше нашата дијаспора, со поставувањето на овие базни станици во Амбасадите на Република Северна Македонија се надминува и услугата за издавање на патни исправи за оваа категорија на наши државјани се олеснува и скратува.

 

Досегашната постапка за издавање на пасоши просечно траеше од четири до пет месециа нашата анализа покажува дека во некои случаи постапката се одолговлекуваше и над шест месециПокрај времетотоа претпоставуваше и големи трошоцикако за самите граѓанитака и за министерствотоСо поставувањето на базните станици претставниците на нашата дијаспора се стекнуваат со голем бенефити и од аспект на времето потребно за овие активностифинансиските трошоци поврзани со тоаа истовременоќе добијат готов производпасош за временски рок од две до три недели”, истакна министерот Османи.

Во оваа прилика, на заедничката промоција, министерот за внатрешни работи, Спасовски нагласи:

„Со цел брзо и ефикасно остварување на правата на граѓаните кои живеат надвор од државата, со поставувањето на фиксните базни станици ќе овозможиме прием на барањата за патни исправи во дипломатско-конзуларните претставништва и нивно процесирање на дневна основа, со проверка на податоците  во реално време. И, што е најважно – задоволни граѓани кои ќе имаат подобар пристап до правото да добијат навремено личен документ, кој им е потребен за остварување на правата во државата каде живеат! Ова е уште една потврда дека нашата цел, како министерства, да бидеме сервис на граѓаните, да овозможиме ефикасен и економичен одговор на нивните потреби. Со ова ќе се намалат и гужвите на шалтерите на управните служби за време на летните месеци во нашата држава, бидејќи граѓаните истата услуга ќе ја добиваат во нашите конзулати во државите во кои престојуваат“.

МНР има формирано пет тима, составени од вработени во министерството, кои ќе вршат обука и инсталација на базните и мобилните станици во амбасадите и конзулатите на Северна Македонија кои се мапирани дека се со најбројна популација и со најголеми потреби за овие услуги. Базни станици ќе се инсталираат во Минхен, Бон, Берлин, Брисел, Берн, Виена, Љубљана, Венеција, Лондон, Стокхолм, Њујорк, Чикаго, Торонто и Мелбурн. Инсталирањето на базните и мобилните станици се планира да заврши до крајот на октомври.

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте