СДСМ се заглавени во својата партиска матрица, тие немаат демократски капацитет и не мислат за доброто на граѓаните. Поважно им е да кандидираат партиски кадри, отколку професионалци кои ќе бидат градоначалници на сите граѓани.
Данела Арсовска е кандидат за градоначалник кој ја заслужува поддршката и на ВМРО-ДПМНЕ и на сите демократски сили во државата.
Арсовска е успешен менаџер, која ќе биде вистински чекор напред од сегашното сивило и дно на кое не зацементира Шилегов.
СДСМ и Шилегов веќе ја покажуваат нервозата затоа што губат.
Шилегов наместо да етикетира и навредува, треба да смогне сили и да каже каде потроши 12.5 милиони евра од продажбата на Градската куќа.
Граѓаните од Шилегов очекуваат и одговори и одговорност. А за градоначалник на Скопје, тој ја отпеа својата песна, следуваат промени, а тоа го знае и тој.
Извор: ВМРО ДПМНЕ