Министерот за правда Бојан Маричиќ на регионална онлајн дебата „Унапредување на финансиската независност во судството“, кажа дека финансиската независност во судството ќе придонесе за поголема ефикасност и непристрасност при делењето на правдата. Toj потенцираше дека за таа цел Владата дала согласност за етапно зголемување на примањата во правосудството.
-По повеќе години дебати со Здружението на судии, постигнавме договор и сериозен напредок во нашите разговори. Имено, со нив се договоривме дека, дури и во услови на светска здравствена и економска криза, Владата да даде согласност за зголемување на платите на судиите во вкупен износ од 15%. Тие 15% од зголемувањето на платите на судиите ќе се одвиваат постепено, односно 10% оваа и 5% следната година. Ова зголемување на коефициентот во платите на судиите и јавните обвинители ќе има влијание и на платите на судските и јавнообвинителските службеници, истакна Маричиќ.
Извор: Министерство за правда