Вчера вечер во тетовскиот КОВИД центар се случи огромна трагедија во која поради експлозија и пожар има 10 жртви, а оваа бројка може да порасне. Противпожарните и медицинските служби реагираа веднаш, пожарот е изгаснат, а во тек е акција на здравствените служби за спасување на секој загрозен живот.
Владата изразува најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на починатите и посакува брзо закрепнување на повредените.
Пред малку заврши итниот кризен штаб кој се одржа во Општина Тетово со највисокиот државен врв, а за утре во 10 часот наутро закажана е итна и вонредна седница на Владата на Северна Македонија посветена на реашавање на трагедијата во Тетово.
Извор: Влада