spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаСЕП: „Македонските предизвици кон ЕУ се предизвици за самата Унија”

СЕП: „Македонските предизвици кон ЕУ се предизвици за самата Унија”

Попладнево во Солун, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров се обрати на специјалната дискусија за европската перспектива на регионот „Западниот Балкан учествува во дијалогот за иднината на Европа“, иницирана од страна на грчкото МНР како дел од Конференцијата за иднината на Европа.

Главниот фокус на дискусијата беше ставен на важноста од вклучување на земјите и граѓаните од регионот во делиберативниот процес за иднината на Европа со цел заеднички придонес во дефинирањето на приоритетите на европската интеграција.
Вицепремиерот Димитров потенцираше дека политиката на проширување со земјите од Западниот Балкан е од особена важност за адресирање на прашањата кои ја засегаат иднината на Европа.
Димитров: „Токму во Солун пред 18 години Европската Унија даде ветување за европска иднина на Западниот Балкан, како израз на геополитичката посветеност за комплетирање на Европа. Неисполнувањето на ова ветување има сериозни последици врз довербата на земјите од регионот, но и кон граѓаните и навистина е тешко да се одржи европскиот наратив.
Евроинтегративниот пат на Северна Македонија е особено драстичен случај, тоа што ЕУ сé уште не е во состојба да ја спроведе минатогодишната одлука за почеток на пристапни преговори зборува многу и за предизвиците и проблемите со кои се соочува Унијата.“
Во тој контекст, Димитров посочи дека учеството на земјите и граѓаните од регионот во Конференцијата за иднината на Европа носи големи придобивки за сите страни во процесот како можност за обновување на заемната доверба и обединување во однос на приоритетните прашања.
Димитров: „Се соочуваме со различни предизвици кои имаат глобална природа и чие справување налага заеднички одговор. Поврзаноста на Западниот Балкан со ЕУ не е само географска, овој регион има посебна важност кога станува збор за стабилноста на Европа така што пристапување на регионот не може да се третира како засебно прашање. Навистина е потребен конкретен исчекор, настрана сите дадени ветувања и зборови содржани во различни стратегии и изјави. Иднината на Европа им припаѓа на младите и наша задача е тоа да го исполниме што е можно побрзо бидејќи изгубивме многу време.”

На настанот организиран од алтернативниот грчки министер Милтиадис Варвициотис, учествуваа и министрите за европски и надворешни работи од регионот, како и евророкомесарот Вархеји и словенечкиот претставник на претседателство со Советот на ЕУ Гашпер Довжан, при што беше испратен силен и јасен сигнал за потребата од напредок во процесот на проширување.

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...