spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Администрацијата и државните институции, секогаш во служба на граѓаните. Нула толеранција...

МИОА: Администрацијата и државните институции, секогаш во служба на граѓаните. Нула толеранција за корупцијата

Воспоставувањето на електронски систем за поднесување на електронски пријави и поплаки, поврзани со услугите кон јавната администрација, ќе овозможи граѓаните во секое време да пријават проблем или поплака поврзани со јавна институција, како и да пријават проблем во постапка за добивање на определена услуга од јавната администрација.

Електронскиот систем за поднесување на електронски пријави, претставки и предлози ќе овозможи услови граѓаните и правните лица во секое време да пријават потенцијални сомнежи за корупција во конкретен орган на државна управа, но и да пријават проблем во постапка за добивање на определена услуга од овие органи.

Освен примарните придобивки кои се однесуваат на директна интервенција за конкретни проблеми со јавните институции и услугите кои ги даваат кон граѓаните и правните лица, системот има за цел да ја поддржи стратегијата и процесот на понатамошно подобрување на јавната администрација преку трансформација на процесите и подобрување на институционалните капацитети.

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација

Прочитајте

МНР: Османи – Човечка должност ни е да осудиме геноцид, со...

0
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на отворена дискусија за коспонзорството на Северна Македонија на резолуцијата на ОН за геноцидот во Сребреница, при...