spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Надградување на ГИС порталот

Центар: Надградување на ГИС порталот

Општина Центар, како прва единица на локалната самоуправа која го воведе ГИС (Географски Информациски Систем) порталот во нејзиното работење, во континуитет работи на негова надградба и усовршување.

Досега ГИС системот општината го користеше за процедурите од областа на урбанизмот, односно издавање на изводи од ДУП-ови, а физичките и правните лица имаа можност преку веб страната на општината и ГИС порталот сами да пристапат до геолокациите од нивен интерес.

Со последните надградби, кои на градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и на општинските служби им беа презентирани од страна на компанијата ИНС (Intelligent Network Solutions), која го изработува ГИС порталот, покрај урбанизмот, ГИС порталот ќе има можност да покрие и други област.

Со последната надградба, ГИС порталот на Општина Центар наскоро ќе додаде модули за преглед на податоци од областите на градежното земјиште, комуналната инспекција и инспекцијата за животна средина, од урбаното зеленило, легализацијата на бесправните објекти, основното образование, урбаното планирање, паркинзите и модул за урбаната опрема.

Ова е уште еден чекор на Општина Центар во насока на дигитализација на работењето на општинските сектори и одделенија, со кој дополнително ќе им се олесни пристапот на жителите до податоците, услугите и сервисите кои ги нуди општината.

 

 

Извор: Општина Центар 

Прочитајте

МОН: Јаневска се сретна со романската амбасадорка Адела Моника Аксинте

0
За продлабочување на соработката во областа на образованието и науката помеѓу Македонија и Романија преку нови заеднички иницијативи за поврзување на образовни установи, размена...