spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКочани: Меѓународен ден без автомобили „По патеката на оризот“

Кочани: Меѓународен ден без автомобили „По патеката на оризот“

Со велосипедската тура „По патеката на оризот“, Општина Кочани го одбележа 22 Септември, Меѓународниот ден без автомобили. На релацијата: Кочани – Долни Подлог – Мојанци – Грдовци – Кочани, долга 15-ина километри, учествуваа стотина граѓани: велосипедисти, рекреативци, членови на спортски и велосипедски здруженија.

– Од денешното одбележување на Европската недела на мобилност и на Меѓународниот ден без автомобили испраќаме порака за што помалку користење на автомобили, така го намалуваме загадувањето на воздухот, ја намалуваме бучавата во населените места. Нашите заложби се што повеќе пешачки и велосипедски зони и што повеќе безбеден простор за превозните средства што не ја задуваат животната средина –  соопштија од Општина Кочани.

Велосипедистите имаа можност да одморат во Грдовци, каде во организација на месната заедница беше приредена закуска, а едновремено учесниците имаа можност да разменат мислења со претставниците од Општина Кочани за подобрување на инфраструктурата во корист на урбаната мобилност и намалувањето на аерозагадувањето.

Велосипедската тура „По патеката на оризот“ почна да се реализира од лани по иницијатива на градоначалникот Николчо Илијев. На нејзиното прво издание учетсвуваа и видни претставници од дипломатијата кои изминатиов период дадоа исклучителен придонес во заштитата на животната средина во Кочани и во регионот.

 

 

 

 

Извор: Општина Кочани 

Прочитајте

Мицкоски: Преку соработката на компанијата „СОКАР“ со АД ЕСМ државата ќе...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на бизнис форумот „Дијалог помеѓу бизнис секторот и Владата“, во организација на стопанската...