Општина Кочани е една од осумте единици на локалната самоуправа вклучени во Регионалната програма за локална демократија на Западен Балкан 2 (ReLOaD2), чиј официјален почеток беше означен со потпишувањето на договорот од страна на градоначалникот Николчо Илијев и претставниците на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Основна цел на проектот ReLOaD2 е зацврстување на партнерството меѓу општините и граѓанските организации преку транспарентно доделување финансиски средства за проектни активности во корист на локалното население. Овој проект ќе се реализира во периодот од 2021 до 2024, со финансиска поддршка од Европската Унија.
Планираните активности вклучуваат финансиска поддршка на проекти од јавен интерес аплицирани од граѓанските организации, тренинзи за зајакнување на нивните капацитети и знаења за подготовка на проектна документација и обуки за општинската администрација.
Извор: Општина Кочани