Врз основа на член 50 од Законот за научно-истражувачка дејност („Службен весник на РМ’ бр. 46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/13, 147/13, 41/14, 145/15, 154/15, 30/16 и 53/16), и (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр 257/20 и 163/21) член 3 од Правилникот за начинот и постапката за финансирање на научно-истражувачки проекти односно програми („Службен весник на РМ“ бр. 82/09, 149/09, 34/11 и 129/13) и Решението за објавување на Јавен оглас за избор на рецензенти бр. 15-13721/1 од 21.09.2021 година, Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, распишува:
ПОВТОРЕН ЈАВЕН ОГЛАС
за избор на рецензенти кои ќе ги рецензираат проектите по објавениот Конкурс за распределба на средства за финансирање на научно-истражувачки проекти на Јавните научни установи за 2021 година
Министерството за образование и наука од пријавените кандидати ќе изврши избор на рецензенти, кои ќе ги рецензираат поднесените предлог – проекти по Конкурсот за распределба на средства за финансирање на научно-истражувачки проекти на Јавните научни установи за 2021 година.
Рецензентите треба да бидат од редот на врвни познати и признати истражувачи со научно, односно наставно-научно звање од соодветното научно поле и научно подрачје на истражување и да имаат најмалку 7 години работно искуство во областа. Предност ќе имаат рецезенти кои имаат меѓународно искуство.
Рецензентите треба да бидат од следните научни полиња, односно научни подрачја на истражување:
1 | Историски науки |
2 | Археологија |
3 | Библиотекарство и документација |
4 | Наука за јазикот (лингвистика) |
5 | Историја на уметност |
6 | Наука за книжевност (македонска книжевност, поезија, проза, драма) |
7 | Биологија и хидробиологија |
8 | Екологија, лимнологија |
9 | Етнологија и етногенеза (фолклористика, духовна култура) |
10 | Музички уметности (етномузикологија) |
11 | Архитектура |
Избраните рецензенти, пријавените проекти ќе ги оценуваат врз основа на следните критериуми:
– придонес на проектот во продлабочување и проширување на научните знаења;
– оригиналност на целите и предметот на истражувањето;
– актуелност, релевантност, иновативност, впечатливост на целите и предметот на истражување;
– детално разработени цели и активности од проектот со јасни и мерливи индикатори;
– веројатност во постигнување на очекуваните резултати и можности за примена на резултатите во реална временска рамка;
– компетентност на главниот истражувач и предложениот истражувачки тим;
– вклученост и оспособување на млади научно истражувачки кадри;
– исполнетост на материјално технички и други инфраструктурни услови за реализација на проектот;
– детално разработен финансиски план за потребните средства за реализација на проектот и оправданост и реалност на трошоците во предложениот финансиски план потребни за реализација на проектот;
– конкурентност на проектот за меѓународна соработка и
– релевантност на проектот за меѓународна соработка
Заинтересираните кандидати кон пријавата задолжително треба да достават:
– доказ дека имаат повеќе од 7 години работно искуство од областа односно доказ за работа со меѓународни проекти
-изјава од рецензентот дека нема судир на интереси, нема личен интерес, нема да се стекне со материјална или нематеријална корист за него и за негови блиски лица како резултат на неговото учество во објавениот конкурс.
Во постапката за оценување рецензентите треба да се придржуваат кон професионалните и етичките норми (објективност, непристрасност и одбегнување на конфликт на интереси).
Пријавата за рецензент, уредно пополнета се доставува во:
Министерството за образование и наука
Сектор за наука и иновации
Бул. „Св. Кирил и Методиј “ бр. 54
1000 Скопје
Краен рок за доставување на пријавите е 01.10.2021 година ( 15:30 час)
Некомплетни или ненавремено доставени пријави, нема да бидат разгледувани.
За симнување:
Пријавата за рецензент (линк)
Оценувачки лист (линк)