spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Подготовката за 6 трансплантација на срце од починат донор

МЗ: Подготовката за 6 трансплантација на срце од починат донор

Во раните утрински часови, денеска почаа координативни состаноци за подготовка за почнување на шестата трансплантација од починат донор. Во текот на вчерашниот ден болничките координатори од КАРИЛ дијагностицираа млада пациентка со мозочна смрт и по долги разговори со семејството одлучија да ги донираат органите.

Благодарение на нивната хуманост денес еден пациент ќе добие срце и шанса за нов живот. Уште една млада пациентка се подготвува да прими бубрег. Станува збор за исклучително тешки операции. Дополнително од донорот ќе бидат експлантирани и коскени ткива.

Голема благодарност до семејството за нивниот хуман гест. Да се мисли да се спаси туѓ живот во моменти кога се губи животот на најблискиот е храброст и човечност кои немаат цена.

 

 

 

 

Извор: Министерство за здравство

Прочитајте