„Во целосна координација со Владата на Република Северна Македонија, ги поставивме своите цели во процесот на дигитализација на земјата.
Владата на Република Северна Македонија ги усвои следните законски решенија:
1. Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за личното име
2. Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија
3. Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните
4. Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за личната карта
5. Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за државјанството на Република Северна Македонија
6. Предлог на Закон за дополнување на Законот за матичен број
Закони овозможуваат целосна имплементација на концептот е-Влада. Во контекст на дигитализацијата, наведените процеси во законските решенија имаат за цел дигитализацијата на процесите за кои се надлежни институциите од јавниот сектор, намалување на доказите кои граѓаните и бизнис секторот ги доставуваат во постапки за остварување на права или исполнување на обврски пред надлежни органи.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација