spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаТЕЦ „Осломеј“ ќе биде запаметена како прва енергетска транзиција на електрана на...

ТЕЦ „Осломеј“ ќе биде запаметена како прва енергетска транзиција на електрана на јаглен во капацитет за чиста енергија во регионот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, во придружба на раководството на „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ), ја посети локацијата на Термоелектраната во Осломеј во Кичево, каде во моментот интензивно се одвиваат градежните активности за изградбата на првата фотоволтаична електрана од  10 мегавати во сопственост на „ЕСМ“.

„На местата на некогашните загадувачи, денес градиме капацитети за производство на чиста и зелена енергија. Поранешните наоѓалишта на јаглен во РЕК „Осломеј“ за неколку месеци треба да бидат покриени со 10 мегаватна фотоволтаична електрана. Вкупното годишно производство од оваа нова фотоволтаична електрана ќе изнесува  15-17 гигават-часови, доволни за потребите на околу 2.800 домаќинства“, истакна премиерот Заев во изјавата за оваа посета.

Проектот е значаен, нагласи премиерот Заев, не само од аспект на енергетските вредности, туку и од социјален и еколошки аспект заради фактот што со поставување на фотоволтаични панели над 15 хектари на постоечкиот рудник во околината на РЕК „Осломеј“ се врши рекултивација на земјиштето кое е од големо значење за околината.

Изградбата на Фотонапонската електрана„Осломеј“, е почеток на иницијативата со која значително ќе се зголеми производството на електрична енергија од обновливи извори, особено од сонцето, и првите киловати електрична енергија од фотоволтаичната електрана од 10 мегавати, инсталирана на површина на сегашната Термоелектрана „Осломеј“, се очекуваат да протечат во наредните неколку месеци.

„Во оваа прилика би сакал да напоменам дека со изградбата на оваа 10 мегаватна електрана се започнува со процесот на енергетска транзиција на РЕК „Осломеј“ и кичевскиот регион. „ЕСМ“ во моментот работи на нова студија за уште една ваква електрана од 10 мегавати. Неодамна, во јуни се потпишаа и договорите за изградба на две фотонапонски електрани од по 50 мегавати со што комплетно 120 мегавати од Осломеј на јаглен ќе се заменат со 120 мегавати фотонапонски електрани. Ова е првата енергетска транзиција на електрана на јаглен во чиста енергија, во регионот“, потенцираше Заев.

Договорите од една страна се потпишани од „ЕСМ“, како јавен партнер, и од друга страна со „Фортис енерџи“ од Турција во едната електрана, а во другата со „Солар про“ од Бугарија. Приватните партнери на „ЕСМ“ ќе му исплаќаат надоместок за јавното приватно партнерство во износ соодветен на 18% и 18,50% од произведената електрична енергија за час.

„Пресметките покажуваат дека заработка на државата би се движела околу 1,5 милиони евра годишно. Дополнително инвеститорите имаат обврска  да земат по 1 вработен по мегават односно 100 вработени од Осломеј за трајно да ги обезбедиме тие наши сограѓани. Во моментот се прави студија за праведна транзиција, во која треба да бидат направени сите анализи за можностите и иднината на постојните вработено. Ова е показател дека се грижиме за сите и дека се бара решение за сите“, истакна претседателот на Владата Заев.
„Нашата цел е да обезбедиме чиста животна средина за нашите деца и за идните поколенија“, посочи премиерот Заев.

„Северна Македонија е на врвот, меѓу шампионите во регионот по раст на обновливи извори на енергија. Само за минатата година го зголемивме производството на енергија од обновливи извори на 827 мегавати, што претставува раст од 10,1 проценти и е во рамки на светскиот просек на зголемување од 10,3 отсто, според извештајот на „Балкан грин енерџи њуз“, истакна премиерот Заев за време на посетата на ТЕЦ „Осломеј“ каде што е во тек изградбата на првата фотоволтаична електрана од  10 мегавати во сопственост на „ЕСМ“.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Мицкоски: Преговараме со инвеститори на поедноставен и пофлексибилен начин да го...

0
„Единствен начин, за да делуваме веднаш е во оние средини каде што се користат дрвата или друг начин на затоплување, најчесто дрвен отпад, неретко...