spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeИнтервјуаМП: Европската комисија забележува добар напредок во судството

МП: Европската комисија забележува добар напредок во судството

Министерот за правда Бојан Маричиќ, во гостувањето на „Студио 10“ на Телевизија 24 кажа дека извештајот на Европската комисија е доказ дека реформите во правосудството даваат резултати и дека тие се соодветно забележани и нотирани. Според него, овој како и сите други извештаи на Европската комисија ја отсликуваат реалноста во земјата, даваат слика што е направено, но и каде се слабостите на кои треба дополнително да се работи.

Во делот на судството Европската комисија забележува добар напредок. Уважени се сите напори кои се вложија во спроведување на Стратегијата за реформи во судството, уважени се напорите за судска разрешница на случаите на поранешното СЈО, уважена е зголемената независност на судството и Судскиот совет, уважена е работата на ДКСК како тело кое активно работи на случаите за корупција, а има пофалби и за работата на Академијата за судии јавни обвинители, потенцираше Маричиќ.

Инаку, според анализите на СЕП, Северна Македонија има најголема подготвеност со средна оценка од 3,02 во областите и поглавјата од Кластерот 1 – темели/фундаменти, дури и во однос на земјите кои повеќе години преговараат за членство, односно Србија која има средна оценка од 2,68 и Црна Гора со средна оценка од 2,83.

 

 

 

 

Извор: Министерство за правда

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...