Вакцинацијата се одвива со добро темпо на територијата на целата држава. Заклучно со 17-ти октомври, со една доза на вакцина против Ковид-19 вакцинирани се 49,4 отсто од населението над 18–годишна возраст. Кај лицата над 40–годишна возраст опфатот со една доза изнесува 57 отсто, кај лицата на возраст од 18 до 39 години опфатот со една доза на вакцина изнесува 33 отсто.
Според последните податоци, најмногу со прва доза вакцинирани граѓани има во градовите Охрид (65,1 отсто), Кавадарци (65,3 отсто), Неготино (66,3 отсто), Гевгелија (62,4 отсто) и Ресен (60,6 отсто). Меѓу 50 до 60 отсто опфат на вакцинирано население со прва доза има во градовите Битола, Кичево, Велес, Берово, Пехчево, Прилеп, Крушево, Скопје, Валандово, Штип, Пробиштип. Меѓу 40 до 50 отсто опфат на вакицнинирани граѓани има во градовите Кичево, Свети Николе, Кочани, Виница, Делчево, Крива Паланка, Струга, Македонски Брод и Тетово. Меѓу 30 до 40 отсто, односно најмалку вакцинирани во моментов има во Куманово, Кратово, Дебар, Струмица, Гостивар и Радовиш.
Во тек е вакцинација во постојните вакцинални пунктови во државата, каде граѓаните може да се вакцинираат без да закажат термин. Вакцини има доволно и се достапни за сите кои сакаат да се вакцинираат. Со извршена комплетна вакцинација се заштитувате себеси и своите најблиски од компликации на болеста предизвикана од Ковид-19. Вакцините штитат од смртен исход и спречуваат натамошно ширење на вирусот.
Министерството за здравство ги повикуваат сите кои досега не се вакцинирале да го направат тоа во најскоро време на еден од најблиските пунктови до местото на живеење.
Извор: Министерство за здравство