spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Дигитализацијата - една од 5 приоритетни области на Планот за забрзан...

МИОА: Дигитализацијата – една од 5 приоритетни области на Планот за забрзан економски раст 2022-2026

Владата на Република Северна Македонија го усвои Планот за забрзан економски раст 2022-2026 година. Со овој план ќе бидат поддржани инвестициски проекти во јавниот и приватниот сектор, кои ќе овозможат подобрување на економската конкурентност и подобрување на квалитетот на животот, како и ќе се фокусира на неколку приоритетни области како што се: зелена економија, дигитализација, иновации и технолошки развој, развој на физичка инфраструктура и човечки капитал, како и социјална кохезија.

Инвестициите во дигитализацијата на услугите како и во технолошкиот развој се предуслов за развој и економски раст на земјата во следните четири години.

Во соработка со сите институции во државата, Министерството за информатичко општество и администрација, ќе се фокусира на унапредување на овие процеси со цел да ги постигнеме нашите работни цели, започнатите проекти но и во функција на имплементација на Планот за забрзан економски раст 2022 -2026 година, кој беше усвоен на вчерашната владина седница.

 

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте