Велес: Клучот на градот кај новиот градоначалникот Колев

ОпштиниВелес: Клучот на градот кај новиот градоначалникот Колев

Најчитано

Во Големата сала на Општина Велес денеска се одржа свеченост по повод примопредавањето на должноста и функцијата Градоначалник, помеѓу досегашниот Градоначалник Аце Коцевски и новоизбраниот Марко Колев. На чинот на примопредавање, досегашниот градоначалник Коцевски му го врачи клучот на градот на новиот градоначалник Колев.  Тој му ја честиташе функцијата и му посака успешна работа.

„Тоа е голема обврска пред граѓанките и граѓаните на Велес. Му посакувам пред сè добро здравје и многу успех во извршувањето на одговорната функција во наредните четири години. Исто така и на новоизбраните членови на советот им честитам за изборот и им посакувам плодна и успешна работа“, рече Коцевски.

Градоначалникот Колев најпрво им се заблагодари на сите граѓани за довербата и поддршката што му ја дале на локалните избори.

„Функцијата Градоначалник на Општина Велес ќе ја извршувам чесно, посветено и ќе дадам сè од себе да ја оправдам довербата што ми ја дадовте. Време за губење нема, веднаш започнуваме со работа и реализација на 213 проекти кои беа дел од мојата предизборна програма. Свесен сум дека нема да биде лесно, свесен сум за предизвикот, но само со напорна работа, трудољубивост и сплотеност ќе ги оствариме зацртаните цели. Да го направиме Велес поубаво место за живеење за сите нас“, рече Колев.

На денешната свеченост претседателот на ОИК, Андреј Ќамилов, му го додели уверението на новоизбраниот Градоначалник Марко Колев како и на 23-цата новоизбрани членови на Советот на Општина Велес. Во наредниот четиригодишен мандат Советот ќе го сочинуваат следните советници: Зоран Љутков, Коста Нојков, Весна Атанасова, Нада Јованова, Дејан Палашев, Кирил Лазов, Драган Димески, Игор Стојанов, Менка Андреева, Елизабета Митревска Ангелеска, Даниел Јаневски,од коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, Марјанчо Николов, Катерина Ефремова, Тодор Јаковлевски, Милица Ристовска Темелковска, Кирил Гајдов, Ружица Петрушевска-Николовска, Менсур Бачевац, Пандорка Лазаревска Прличкова, од коалицијата предводена од СДСМ, Димитар Абрашев, Игор Смилев, Маргица Урумова од Левица и Невзат Муаремовски од ДУИ.

 

 

Извор: Општина Велес

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе