Почитувани,
Зоран Заев самиот изјави дека доколку ги загуби овие избори дека ќе си поднесе оставка. Заев убедливо загуби во целата држава и изјави дека се повлекува.
Од таа изјава до денес гледаме како клиентелистите и неговите послушници готват амбиент за неповлекување и неподнесување на одговорност.
Зоран Заев повторно блефираше и остана на фејсбук оставка, но не ја достави со допис до Парламентот.
Оттука се гледа дека оставката на Заев е иста како и оставката на Филипче, ја поднесе за да не биде прифатена и потоа да одбегне одговорност.
СДСМ не си стои до зборот и повторно ги потценува граѓаните.
Политиките на Заев и неговиот систем се жестоко поразени. Народот гласаше за промени.
Ова што сега го гледаме од СДСМ е препелкање во сопствената кал и продлабочување на поразите.
Заев е човек кој не држи до сопствениот збор.
Дали на повидок е уште една голема лага на Зоран Заев?
И дали Заев нема да си опстои и на ова свое ветување?
Дали на овој начин ќе избега од одговорност за бруталните злоупотреби, изборни нерегуларности и притисоци?
Доста е со поигрување со волјата на граѓаните.
Владата повеќе нема никаков кредибилитет и истата е детронизирана.
Системот на Заев е поразен. Време е за промени.
Извор: ВМРО ДПМНЕ