spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕГубитникот Заев треба да си поднесе оставка, потребно е расветлување на серијата...

Губитникот Заев треба да си поднесе оставка, потребно е расветлување на серијата изборни нерегуларности

Почитувани,

Зоран Заев овие локални избори ги загуби убедливо.

СДСМ и губитникот Заев не победи во ниту една голема општина, во исто време кога тврдеа дека се најдобри.

Во градови како Скопје, Охрид, Битола, Прилеп, Штип, Велес , Гевгелија и останатите општини СДСМ и губитникот Заев доживеаја дебакл и затоа треба да си одат. Народот им испрати порака дека е незадоволен, разочаран и ја порази политиката на поделби и конфликти.

Заевизмот како систем мора да падне. На овие избори имаше и брутални изборни нерегуларности, притисоци и закани од луѓето од власта, како и злоупотреба на државни ресурси, пред се полицијата за партиски цели.

Мора да има одговорност за таквите нарушувања и злоупотреби.

Губитникот Заев и во поразот е нечесен и треба барем еднаш да си држи до сопствениот збор и ветување, наместо преку платените клиентелисти да создава атмосфера за продолжување на мандатот. Оваа влада нема кредибилитет за водење на државата.

 

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ

Прочитајте