Согласно резултатите од спроведените локални избори во РСМ, вчера во Занаетчиски дом Куманово Општинската изборна комисија им додели Уверенија на избраниот градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски и на новоизбраните членови на Советот на Општината.
Во четиригодишниот мандат сите заедно ќе работат во интерес на потребите на граѓаните, со цел успешно функционирање на локалната самоуправа.
Извор: Општина Куманово