Согласно Програмата за животна средина, се започна со расчистување на дивите депонии чие постоење беше детектирано од страна на стручните служби и кои ги има на повеќе локации во општина Неготино.
Се стартуваше со активности за расчистување на дивата депонија на патот Тимјаник-Д.Дисан, а собраниот смет ќе се транспортира и депонира на градската депонија „Бучето“.
Изведувач на работите е фирмата „Глобал транспорт“-ДООЕЛ Криволак, вредноста на проектот изнесува 450.000 денари-средства обезбедени од Буџетот на општина Неготино со кои ќе се расчистат повеќе депонии, а проценките се дека ќе се отстранат околу 1.500 м3 смет од повеќе депонии на подрачјето на нашата општина.
Извор: Општина Неготино