spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБитола: Доделена наградата 4 Ноември за животно дело

Битола: Доделена наградата 4 Ноември за животно дело

Во возобновениот Офицерски дом во Битола,  се одржа свечената церемонија на доделување на 4-то ноемвриските награди. Преку видео презентација беа прикажани проектите реализирани во четиригодишниот мандат на градоначалничката Наташа Петровска. Таа во своето обраќање истакна дека е посебно среќна што во нејзиниот мандат заврши реконструкцијата на домот и тој повторно ќе биде за отворен за битолчани, а се осврна и на предизвиците со кои се соочи како градоначалник.

„Четирите години од 2017-2021 години од мојот живот кои со себе носат радости, таги, непроспиени ноќи, трепети од возбуда на разбудени насмевки и грижа за непресушните потреби да се сработи повеќе. Секоја нишка на дневната доза на дневната оптовареност постојано носеше чувство на одговорноста. Да се биде градоначалник на Битола, да се почитуваат вредностите на нејзината специфичност и воедно да се прават избори и постапаки кои ќе дадат печат на денешницата, знаејќи дека сето тоа влијае на судбината на многумина, не е ни најмалку едноставна работа. За да се живее со тоа, човек треба да живее за политиката а не од политиката“, рече Петровска.

Годинава не беа доделени едногодишни награди, а наградата за животно дело отиде во рацете на доајенот на битолското и македонското глумиште, актерот Петар Мирчевски.

„Чест ми е што го добивам ова високо признание за животно дело. Горд сум што можев на својот мајчин македонски јазик да го промовирам мојот матичен театар, Народниот театар од Битола, мојот град Битола и мојата земја Македонија низ многу земји во светот. Му се заблагодарувам на моето семејство од кое секогаш имав голема поддршка, но и на мојот театар, на мојот град Битола и на моите битолчани. Посебна благодарност до битолската публика која ме следеше сите овие четири децении низ моите театарски, телевизиски и филмски оставрувања. Секогаш ме бодреше, поддржуваше и мотивираше да истраам во она што го работам. Ако не беше битолската публика немаше да бидам ни јас она што сум затоа ви благодарам и Ви се поклонувам“, истакна Мирчевски.

Гудачкиот квартет „Вива Стрингс“ настапи во музичкиот дел од програмата, а по завршувањето на свечениот дел, Офицерскиот дом беше отворен за сите посетители, кои беа послужени со тикварник, онака како што Петровска вети дека ќе биде при отворањето за битолчани на Офицерскиот дом.

Офицерскиот дом ќе биде отворен и денес на одбележувањето на 4 Ноември, Денот на солободувањето на Битола, за сите оние кои сакаат да го посетат, а настанот ќе биде збогатен со музичка програма на учениците од битолското музичко училиште.

 

 

 

Извор: Општина Битола 

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...