spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаОпштините да го следат примерот на Владата

Општините да го следат примерот на Владата

Општините да го следат примерот на Владата за рационално користење на буџетските средства преку носење акти за користење на службени возила и угостителски услуги.

Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, ги повикува сите новоизбрани градоначалници да го следат примерот на Владата за донесување на одлуки за регулирање на начинот на користење на службените возила и трошоците за угостителски услуги за работни состаноци. Локалните единици тоа може да го сторат, преку општинските совети со донесување на посебни акти со кои ќе се ограничат средствата за репрезентација на градоначалниците и користење на службените возила.

На предлог на кабинетот на вицепремиерот Љупчо Николовски, годинава се донесоа две одлуки кои се однесуваат на ограничување на користењето на службените возила и на службените трошоци за угостителски услуги за работни состаноци. Овие одлуки се во насока на рационално и транспарентно користење на буџетските средства.

Веќе се применува одлуката за регулирање на користењето на службените возила. Секое користење на службените возила за вработените претходно според точно утврдена процедура се одобрува. Целтa е  оправдано, наменско, рационално користење на службените возила, односно да не се користат возилата за приватни цели.

Истотака, функционерите ја применуваат и почитуваат одлуката за  начинот на користење и висината на финансиските средства за угостителски услуги во угостителски објекти во државата при одржување на работни состаноци. Функционерите имаат точно определени износи кои смеат да ги искористат за угостителски услуги за работни состаноци, според точно утврдени критериуми.

 

 

 

 

Извор:  Влада

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...