Регионален центар за одржлив развој – Гевгелија во соработка со Национален младински совет на Македонија го имплементира проектот “Youth Policy Labs” финансиран од програмата Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Станува збор за проект чија цел е да ги едуцира младите за поголема застапеност на младинските политики. Како дел од овој проект,во четврток, на 11 ноември 2021 година, во просториите на Регионалниот центар за одржлив развој – Гевгелија (Центарот за поддршка на НВО-Гевгелија) на ул.Маршал Тито бр.60 во Гевгелија, ќе се одржи обука на тема “Креирање и Застапување на младински политики„.
Целта на обуката е учесниците да се стекнат со знаења и вештини за тоа како се дефинираат, креираат и застапуваат младински политики, да се мотивираат и едуцираат, младите, младинските организации и организациите за млади за постоење и примена на Законот за младинско учестство и младински политики.
На обуката ќе присуствуваат претставници на младински организации, организации кои работат си млади и млади од општините од југоисточен регион.
Извор: Општина Гевгелија