spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГевгелија: Концерт на дуото Кировски

Гевгелија: Концерт на дуото Кировски

На 11 ноември (четврток), во Народниот театар во Гевгелија, целовечерен концерт ќе одржат реномираните ДУО КИРОВСКИ (Љубиша Кировски – виолина и виола и Маја Шутевска Кировска – пијано). На програмата се дела од Виетан, Бете Илин, Сај, Фролов а концертот започнува во 18 часот.

Дуото Кировски е формирано во 1993 година и оттогаш до денес има реализирано бројни настапи во и надвор од Македонија. Во нашата земја настапувале на фестивалите „Охридско лето“, „Златна Лира“, „Скопско лето“, „Хераклејски вечери“, „Есенски музички свечености“, Салонот 19,19 при Културно-информативниот центар во Скопје. Истовремено, концерти одржале и во повеќе земји, меѓу кои во Хрватска,Србија,  Полска, Италија, Швајцарија, Турската Република Северен Кипар, Бугарија, Велика Британија, САД, Германија.

 

 

 

 

Извор: Општина Гевгелија 

Прочитајте