Градоначалникот Пекевски, деновиве на терен ги слуша предлозите на граѓаните пред креирање на Буџетот на Општина Берово за 2022 година.
Со цел партиципативно учество на граѓаните, во креирање на Буџетот, а во услови на пандемија од КОВИД 19, средбите се одржуваат на отворено и започнаа по населените места во општината.
Изминатиот период одржани се средби во с.Двориште, с. Ратево, с. Русиново, с. Митрашинци, д. Будинарци и с. Мачево, а продолжуваат утре во с. Владимирово и с. Смојмирово.
Предлозите на граѓаните се слушаат, се разговара за можноста за рализација на лице место и оние проекти кои немаат имотно правни или некои други пречки, по приоритет, ќе бидат внесени во Буџетот на Општина Берово за 2022 година.
Гласот на граѓаните е најважен, а партиципативно учество на граѓаните, во донесувањето на одлуките на локално ниво е од големо значење за креирањето на локалните политики и во создавање на Буџет со проекти, предложени и подржани од жителите на општина Берово- истакна Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски.
Извор: Општина Берово