„Градиме култура, сликаме култура – мурали за 30 години независност на Македонија“ во Кратово. Насликан мурал од Ненад Тонкин кој го слави ликот на Вања Лазарова, синоним за македонската изворна песна и достојна негователка на фолклорот, родена во кратовското село Страцин.
На муралот е претставена и кратовската кула како еден од највпечатливите симболи на градот.
Извор: Општина Кратово