Денеска на градскиот плоштад по четвртти пат се одржаа трките “Born 2 run”, во организација на Центарот за интеркултурен дијалог-Куманово, имплементирани со техничка поддршка од Мисијата на ОБСЕ-Скопје и СВР Куманово,поддржани од Општина Куманово.
На трката учествуваа преку 200 учесници на возраст меѓу 15 и 35 години, кои трчаа на 3 и 10 км.Градоначалникот на Општината Димитриевски ги проследи трките.
Денешните спортски активностиго промовираат духот на соживот и меѓусебна доверба меѓу луѓето, со цел подобрување на мултикултурализмот и меѓуетничкиот дијалог во Куманово.
Извор: Општина Куманово